PALUBA

Vesti => RV i PVO => Topic started by: duje on June 12, 2016, 07:41:34 am



Title: Zračna brigada ARM
Post by: duje on June 12, 2016, 07:41:34 am
10.06.2016. obilježen je, u kasarni "Strašo Pindžur" u Petrovcu, dan zračne brigade vojske Makedonije.....

Vir: ARM
http://www.arm.mil.mk/index.html
10.06.2016.

Одбележување на 10-ти Јуни „Ден на воздухопловната бригада“

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се одржа свеченост по повод Денот на воздухопловната бригада (вбр). На свеченоста покрај началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, присуствуваа: генералите на АРМ, државниот секретар во МО, високи претставници од МО и ГШ на АРМ, командантите на  потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти на бригадата претставници од локалната самоуправа и други високи гости.

Командантот на вбр, полковник Роберт Малезански, во своето обраќање истакна дека обновувањето и квалитетното одржување на техниката, во оваа единица е од витално значење и за извршување на мисијата и за обука на персоналот. Сите овие напори на крај треба да се фокусираат во една единствена цел, а тоа е одржување на постојано висока борбена готовност на единицата, како предуслов за успешно извршување на мисијата. Командантот упатувајќи честитка до припадниците на вбр истакна дека денес е и денот кога треба да им се заблагодариме на пензионираните припадници на воздухопловната бригада за трудот кој го вградија во развојот на единицата.

На свеченоста, по повод денот на единицата, беа прочитани наредби за унапредување во непосредно повисок чин за офицери и подофицери, како и стимулативни мерки за припадниците на вбр, додека сквадронот за воздухопловно техничко одржување беше прогласен за најдобра единица од составот на вбр.

Во рамки на програмата за одбележување на 10-ти Јуни, ден на воздухопловната бригада (вбр) од составот на здружената оперативна команда, на спортските терени во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржаа спортски натпревари помеѓу единиците од составот на вбр. Севкупен победник на игрите беше баталјонот за воздушно набљудување и јавување, за што им беше доделена диплома и пехар на свеченоста.

Постоењето на вбр се темели врз одлуката на Претседателот на Република Македонија од 10 април 1992 година, со која е формирана командата на противвоздушната одбрана и военото воздухопловство (ПВО и ВВ) на АРМ во чиј состав влезе авијациска бригада со авијациски, транспортен и борбен хеликоптерски сквадрон.

Во 2005 година со програмата за реконструкција на АРМ, воздухопловната бригада се трансформираше во помала покомпактна единица наречена воздухопловен ВИНГ( Воздухопловна извидувачка напаѓачка група) која фигурира до 2012 година кога повторно се формира воздухопловна бригада во составот на Здружено Оперативната Команда.