Македонија се наоѓа пред голема шанса за производство на сопствен оклопен транспортер. Предлог-проектот веќе е доставен до Владата и доаѓа директно од украинската влада и се однесува на изградба на фабрика за производство на оклопен транспортер во Македонија. БТР-4 „Букефал“ официјално е регистриран како македонско-украински транспортер, бидејќи во неговиот развој учествувале и група македонски инженери. Во почетокот транспортерот само би се склопувал во државава, а подоцна дел по дел би се преземало и производството на одредени делови. За „Букефал“ интерес веќе пројавиле армиите од регионот - Србија, Босна и Херцеговина, Албанија... Дали ова ќе се оствари ќе зависи од Министерството за одбрана и неговата одлука за кој транспортер ќе пресече. Во конкуренција покрај украинско-македонскиот транспортер ќе бидат и финскиот „Патриа“, австрискиот „Пандур“ и швајцарскиот транспортер „Пирана“.
Од канцеларијата на вицепремиерот Зоран Ставревски не добивме мислење за овој проект, додека Зоран Коњановски, министерот за одбрана, вели дека проектот се анализира.
- Ова е првокласен транспортер, двојно поевтин од другите и ќе отвори нови работни места во двете исклучително пријателски земји - вели Витали Москаленко, амбасадорот на Украина во Македонија.
Се предвидува во почетокот да се отворат стотина работни места. Фабриката за склопување би можела да се изгради за 9 месеци.
Министерството за одбрана, во согласност со барањата на НАТО до крајот на 2009-та, треба да набави 30 нови транспортери, а до крајот на 2015 македонската армија треба да има 80 нови транспортери.
БТР-4 „Букефал“ е транспортер правен врз основа на легендарниот руски транспортер БТР-80, кој веќе десетина години го користат АРМ и МВР. Проектот го образложува Димитриј Александровиќ Перегудов, директор на фабриката „Укрспецекспорт–Укринмаш“.
- На проектот работеа околу 70 луѓе. Се решивме да работиме со Македонија затоа што таа е една братска и пријателска земја, со која речиси сме соседи. Ни одговара и тоа што менталитетот, но и ситуацијата во двете земји се слични. Нам стара Европа не ни помага. Мораме сами да си помогнеме. Направивме одличен транспортер и сакаме со помош на Македонија да ги освоиме балканскиот и светскиот пазар - објаснува Перегудов.
Јовица Ѓуричиќ е еден од македонските инженери што учествувале во развојот на „Букефал“, воедно, сопственик на скопската фирма „Специјална опрема Скопје“ (СОС).
- БТР–4 „Букефал“ е модерен оклопен транспортер, кој е направен да ги задоволи сите потреби на современите армии по НАТО-стандардите, истовремено зачувувајќи ги сите добри карактеристики на семејството транспортери од типот БТР. Украинските конструктори од фабриката „Морозов“се познати како конструктори на легендарниот советски тенк „Т–34“ од Втората светска војна. Таа школа на конструктори и денес работи на конструирање, модернизација и производство на оклопна техника од најразлични профили, не само за потребите на украинската армија туку и на многу други армии низ светот. Во таа смисла уште одамна се зафатија со нови разработки на БТР–80, кој сè уште е еден од најдобрите и се наоѓа во состав на многу светски армии. Од таа разработка произлезе одличниот БТР–3, кој е продаден и успешно се користи во неколку земји во светот. Стремежот на Украина за влегување во НАТО, поставените задачи за компатибилност со НАТО и имплементирање на важечките стандарди на НАТО во оваа област доведоа до производство на нов транспортер БТР–4. Во таа фаза пред неколку години се приклучи и стручниот тим на македонската фирма СОС, со задача на целосно вклопување на транспортерот во барањата на НАТО-земјите и понатамошна комерцијализација на пазарите што порано не беа својствени на „источната“ техника. СОС преку договор за заедничка работа и комерцијализација е поврзан со своите украински партнери „Морозов“ и државната компанија „Укрспецекспорт–Укринмаш“ од Киев и заедно со нив ќе го нуди овој производ. Ќе настапиме на најголемиот светски саем на вооружување и воена опрема идната година во Абу Даби - вели Ѓуришиќ.
Покрај Македонија, според официјалните податоци од министерствата за одбрана на балканските земји, набавки на транспортери планираат и Србија, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Романија.
„Букефал“ рамо до рамо со најдобрите
Перформансите на БТР-4 веќе биле тестирани на полигоните во Украина. Според Перегудов, „Букефал“ е рамо до рамо со најсилната конкуренција, како финската „Патриа“, австрискиот „Пандур“ и швајцарската „Пирана“.
- Нашата најголема предност е цената. „Букефал“ ќе чини приближно еден милион евра, додека другите не се поевтини од два милиони евра - вели Перегудов.
„Букефал“ има погон 8 х 8. Тежината му се движи од 17,5 до 23 тони во зависност од нивото на оклопна и противминска заштита. Посадата ја сочинуваат возачот, командирот и операторот–нишанџијата и има можност да превезе десантно одделение од 6 до 8 војници. Покрај заштитениот транспорт, одделението може и да дејствува од внатрешноста со личното вооружување. Возилото, покрај греење и климатизација, е опремено и со уред за заштита на посадата и војниците во случај на хемиска или нуклеарно-биолошка опасност. „Букефал“ има можност и за активно учество во боеви дејства. За таа цел е опремен со боев модул „штурм“ (купола со вооружување, која се наоѓа монтирана на горната страна). Модулот е без посада со телевизионо дистанционо управување од страна на операторот, кој седи во внатрешноста на возилото и командирот. Вооружувањето се состои од топ со калибар од 30 милиметри, спрегнат митралез со калибар 7,62 мм, автоматски фрлач на гранати со калибар од 30 мм (опција 40 мм) и против оклопни ласерско водни ракети „Бариер“. За заштита и маскирање е предвиден фрлач на чадни кутии. Модулот е опремен и со модерна оптоелектроника од француската компанија „Сажем“. Модулот содржи дневно–ноќни камери, термокамера, ласерски мерач на далечината, ГПС-уред и многу други софистицирани „ситници“. Возилото е опремено и со современ систем за комуникација од американската фирма „Харис“, што овозможува комуникација и содејство со другите единици од разни земји-членки на НАТО. На уреден пат може да се движи со брзина од 110 км/час. Конструкцијата овозможува и совладување водни пречки со пливање без никаква претходна подготовка со брзина до 12 км/час.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&EditionID=258&top=1&ArticleID=13158Kratak rezime ove vesti bi bio da je Makedonija dobila ponudu od Ukrajune da se kod nas radi oklopni transporter BTR-4 Bukefal. Za tu priliku bi se za devet meseci izgradila fabrika gde bi se u procetku samo sklapali , a kasnije bi se i izradjivali ovi transporteri ili barem neke delove za nih u Makedoniji.
Inace u razvoju ovih transportera je ucestvovala i grupa makedonskih inzinjera iz firme SOS " Specijalna oprema Skopje.
Kada se sve ovo procita i premisli , ispada da nam Ukrajina nudi proizvodnju ovih transportera uz mogucnost da si isti transporter kasnije proda Srbiji , Crnoj Gori , Albaniji , Bugarskoj i Rumunskoj.
Inace cena BTR-4 Bukefal-a je oko milion evra i najmanje je duplo manja od konkurencija. Bukefal je poremljen sa daljinskom upravljanom kupolom Strum sa topom od 30mm mitraljezom 7.62mm i automatskim bacacem granata 30mm ( opcija je 40mm ) i protivoklopne laserski vodjene rakete " Barier " i bacacima dimnih kutija. Elektronika je Sazem-ova a sistem veza je americki Haris-ov.