PALUBA
March 28, 2024, 01:43:30 pm *
Welcome, Guest. Please login or register.

Login with username, password and session length
News: Važno - Prilikom registracije lozinka mora da sadrži najmanje osam karaktera, od toga jedno veliko slovo, i bar jednu cifru, u protivnom registracija neće biti uspešna
 
   Home   Help Login Register  

Prijatelji

▼▼▼▼

Mesto za Vaš baner

kontakt: brok@paluba.info

Del.icio.us Digg FURL FaceBook Stumble Upon Reddit SlashDot

Pages: [1]   Go Down
  Print  
Author Topic: Međunarodna suradnja ARM  (Read 5021 times)
 
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
duje
kapetan bojnog broda
*
Offline Offline

Gender: Male
Posts: 17 876



« on: June 14, 2016, 07:57:59 pm »

Načelnik GŠ Oružanih snaga Republike Češke, gen. Josip Bečvář  u službenoj posjeti ARM.

Vir: ARM
http://www.arm.mil.mk/index.html
14.06.2016.

Началникот на ГШ на ВС на Чешката Република во официјална посета на АРМ


Во дводневна официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија престојува началникот на ГШ на Вооружените сили (ВС) на Чешката република генерал Јозеф Бечвар.

Делегацијата на ВС на Чешката Република придружувана од амбасадорот на Чешката република во Република Македонија Н.Е Мирослав Рамеш беше пречекана со високи воени почести од страна на началникот на ГШ на АРМ  генерал-потполковник Методија Величковски.

За време на престојот во ГШ на АРМ , генералот Бечвар оствари средба со Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и официјални разговори на кој присуствуваше и клучниот персонал од ГШ на АРМ.

На средбата и официјалните разговори се презентираа мисијата на АРМ, учеството во мировните мисии предводени од ОН, НАТО и ЕУ, активностите кои ги остваруваме во меѓусебната воена соработка како и можноста за користење на капацитетите со кои располагаат армиите на двете земји.

Помеѓу останатото посебно беше разговарано за понудата за вклучување на АРМ во чешкиот проект за паметна одбрана во логистичкото обезбедување „Мултинационален Логистички Координативен Центар“ и заедничко учество на претстојната воена вежба „Способен логистичар 2019“.

Началникот на ГШ на ВС на Чешката Република, во текот на престојот во Република Македонија ќе биде примен и од Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на ВС н.е д-р Ѓорге Иванов.

Во текот на утрешниот ден делегацијата ќе ги посети Армискиот Полигон „Криволак“ и караулата Богородица на македонско-грчката граница, каде ќе се одржи заеднички брифинг со припадниците на полициските сили на Чешката република ангажирани во справувањето со мигрантската криза.

Интензивираните средби на највисоко армиско ниво со армиите на земјите членки на НАТО кои изминатиот период остваруваат посети на АРМ се признание за активностите кои АРМ ги реализира во исполнувањето на обврските во однос на достигнатите  стандарди во обученоста и интероперабилноста со армиите на земјите членки на НАТО, како и за успешното справување со предизвиците од мигрантската криза.

АРМ ја демонстрира интероперабилноста при изведување на заедничките активности на меѓународни вежби, како што е ангажирањето во моментот најголемата воена вежба на НАТО „Анаконда 2016“, каде што учествуваме со респектабилна бројка од 157 припадници на АРМ, како и во мировните мисии каде учествуваме со 43 припадници на АРМ.


* 1.jpg (334.74 KB, 1024x647 - viewed 150 times.)

* 2.jpg (345.51 KB, 1024x683 - viewed 159 times.)

* 4.jpg (249.02 KB, 1024x683 - viewed 151 times.)
Logged
duje
kapetan bojnog broda
*
Offline Offline

Gender: Male
Posts: 17 876



« Reply #1 on: June 15, 2016, 08:21:10 pm »

Izaslanstvo Oružanih snaga Češke Republike u posjeti AP Krivolak i i jedinicama ARM koje obezbjeđuju južnu granicu....

Vir: ARM
http://www.arm.mil.mk/index.html
15.06.2016.

Делегацијата на Вооружените Сили на Чешката Република во посета на АП Криволак и единиците на АРМ кои ја обезбедуваат јужната граница

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Чешката република предводена од генерал Јозеф Бечвар, заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во текот на денешниот ден ја посетија јужната граница на Република Македонија и Армискиот полигон Криволак.

При посетата на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ од страна на припадници од полкот за специјални намени се изведе тактичко показна вежба во еден  од капацитетите наменети за обука во урбана средина, а  воедно се презентираа можностите на полигонот за изведување на специфична воена обука.

Армиската делегација на Чешките ВС со особен интерес ги проследи презентираните капацитети на АП Криволак, при што ја оценија како одлична понудената можност за изведување на заедничка обука на овој специфичен армиски полигон кој овозможува услови за изведување на обука во речиси реални теренски какви се среќаваат при учеството во мировните мисии.

Во реонот на караулата „Богородица“ од страна на припадниците на Армијата на Република Македонија делегацијата се запозна со севкупната ситуација на јужната граница, при што се презентираа тактичките мерки и процедури кои ги спроведува АРМ, согласно доделените задачи за непрекинато обезбедување на државната граница и спречување на нелегални минувања.

Од страна на генералот Бечвар се скажа значењето од меѓусебната размена на искуства, научените лекции во примена на мерките и процедурите кои успешно се користат од АРМ во справувањето со мигранската криза, и значењето на таквата соработка за безбедноста не само за регионот туку и пошироко за Европа.

Дводневната официјалната посета од страна на армиската делегација на Чешките Вооружени Сили е особено значајна за Армијата на Република Македонија не само поради понатамошното интензивирање на меѓусебната армиска соработка, туку и од истакнатата поддршка за прием на АРМ во полноправно членство во НАТО воениот сојуз.


* 1.jpg (392.02 KB, 1024x768 - viewed 161 times.)

* 3.jpg (471.11 KB, 1024x683 - viewed 167 times.)

* 4.jpg (417.1 KB, 1024x683 - viewed 157 times.)

* 5.jpg (258.49 KB, 1024x683 - viewed 165 times.)

* 6.jpg (319.22 KB, 1024x683 - viewed 143 times.)
Logged
Solaris
kapetan bojnog broda
*
Offline Offline

Gender: Male
Posts: 12 357


#vragu i rat#


« Reply #2 on: June 15, 2016, 09:25:59 pm »

Kakve veze ima Krivolak i granica, vrata Evrope su sto km južnije.

poz.
Logged
duje
kapetan bojnog broda
*
Offline Offline

Gender: Male
Posts: 17 876



« Reply #3 on: June 16, 2016, 04:59:13 am »

Kakve veze ima Krivolak i granica, vrata Evrope su sto km južnije.

poz.

Južna granica - imigranti.
Logged
duje
kapetan bojnog broda
*
Offline Offline

Gender: Male
Posts: 17 876



« Reply #4 on: June 21, 2016, 03:14:57 pm »

Načelnik Glavnog štaba Oružanih snaga Republike Poljske u prvoj službenoj posjeti ARM....

Vir: ARM
http://www.arm.mil.mk/index.html
21.06.2016.

Началникот на ГШ на ВС на Република Полска во прва официјална посета на АРМ

Началникот на генералштабот (НГШ) на Вооружените сили (ВС) на Република Полска генерал Мјечеслав Гоцул, во рамки на тридневната официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, која е прва остварена посета на НГШ на ВС на Р. Полска, престојуваше во Генералштабот (ГШ) на АРМ.

НГШ на ВС на Република Полска генерал Гоцул, по пречекот со високи воени почести оствари средба со Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски по што следуваа официјални разговори во присуство на делегацијата на ВС на Р. Полска и дел од клучниот персонал од ГШ на АРМ.

На средбата и официјалните разговори пред делегацијата покрај презентирањето на мисијата на АРМ, учеството во мировните мисии предводени од ОН, НАТО и ЕУ, активностите кои АРМ ги спроведува во справување со мигрантската криза, се разговараше на теми поврзани со актуелната безбедносната ситуација во регионот, како и разгледување на можностите за интензивирање на меѓусебната воена соработка во повеќе области на одбраната, посебно во изведување на заедничка обука, учество на вежби и мисии на специјалните единици на двете армии.

На разговорите генералот Величковски меѓу другото посебно го истакна значењето на оваа средба пред се од аспект на прва одржана средба на ниво помеѓу Началници на генералштабови на двете армии, која се реализира непосредно пред одржување на НАТО самитот во Варшава и непосредно по „Анаконда 2016“ каде АРМ учествуваше со респектабилна бројка од 157 свои припадници.

Генералот Гоцул се осврна на придонесот кој АРМ го дава со своето учество во мировните мисии и меѓународни вежби, со посебен осврт на покажаната интероперабилност и стандарди од припадниците на АРМ на оваа најголема воената вежба на НАТО која се изведуваше во Република Полска, каде АРМ се докажува како значаен допринесувач во колективната сигурност.

Делегацијата во придружба на генерал Величковски по посетата на ГШ на АРМ е примена од страна на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на ВС н.е. д-р Ѓорге Иванов, а во текот на денот ќе ја посети и јужната граница во реонот на  караулата „Богородица“ на македонско-грчката граница, каде ќе се одржи брифинг за актуелната состојба со мигрантската криза и начинот на кој АРМ се ангажира во справување со истата.

Посетата на највисоко армиско ниво од страна на оваа армија која е меѓу најголемите и највлијателни земји на НАТО во Европа, е еден вид на уважување и признание за активностите кои АРМ ги реализира во исполнувањето на обврските во однос на достигнатите  стандарди во обученоста и интероперабилноста со армиите на земјите членки на НАТО и претставува одличен патоказ за понатамошно развивање на меѓусебните релации.

Во текот на утрешниот ден делегацијата ќе оствари посета и на Центарот за обука на пилоти во Петровец.


* 1.jpg (318.67 KB, 1024x683 - viewed 151 times.)

* 2.jpg (333.59 KB, 1024x683 - viewed 149 times.)

* 4.jpg (224.07 KB, 1024x683 - viewed 140 times.)

* 7.jpg (269.83 KB, 1024x683 - viewed 150 times.)
« Last Edit: June 21, 2016, 03:23:16 pm by duje » Logged
duje
kapetan bojnog broda
*
Offline Offline

Gender: Male
Posts: 17 876



« Reply #5 on: June 21, 2016, 03:24:01 pm »

U domu ARM u Skoplju se održava treći (21.06. - 23.06.) regionalni seminar "cyber Endeavor"...

Vir: ARM
http://www.arm.mil.mk/index.html
21.06.2016.

Во домот на АРМ во Скопје се одржува третиот регионален семинар „Cyber Endeavor“

Во период од 21 до 23 јуни 2016 година во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Европската Команда на Армијата на САД и Армијата на Република Македонија како домаќин, се одржува третиот регионален семинар „Cyber Endeavor“ на тема Акредитација на мрежи.

На семинарот активно учествуваат претставници од 19 земји, а од Република Македонија покрај од АРМ учествуваат и претставници од МВР на Република Македонија, Агенцијата за електронски комуникации и Дирекцијата за безбедност и Класифицирани информации.

Семинарот го отвори началникот на секцијата за врски при генералштабот на АРМ, полковник Душко Несторов, при што го истакна значењето на достигнувањата во сајбер одбраната  во областа на безбедноста.

Предавачи на семинарот се истакнати стручни лица од областа на сајбер безбедноста од големи мултинационални компании и безбедносни организации во светски рамки.

Овој семинар претставува серија на семинари организирани од страна на Европската Команда на Армијата на САД кој се одржува во различни земји како домаќини и е фокусиран на соработка помеѓу армиските и други организации во полето на сајбер одбраната и зајакнување на националните способности, како и подобрување на подготвеноста за распоредување на вакви капацитети во мултинационални средини за поддршка на мировни мисии, мисии за одговор на кризи и меѓународни вежби.


* 1_zpsuqolwuzc.jpg (116.87 KB, 640x371 - viewed 141 times.)
« Last Edit: June 21, 2016, 03:30:15 pm by duje » Logged
duje
kapetan bojnog broda
*
Offline Offline

Gender: Male
Posts: 17 876



« Reply #6 on: June 22, 2016, 06:13:34 pm »

Načelnik Glavnog štaba Oružanih snaga Republike Poljske  u posjeti južnoij granici Makedonije.

Vir: ARM
http://www.arm.mil.mk/index.html
22.06.2016.

Посета на НГШ на ВС на Република Полска на јужната граница

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Република Полска предводена од генерал Мјечеслав Гоцул, заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски во текот на официјалната посета изврши обиколка и на јужната граница на Република Македонија.

При посетата на јужната граница во реонот на караулата „Богородица“, припадниците на Армијата на Република Македонија на делегацијата ја прикажаа актуелната безбедносна ситуација при што се презентира начинот на кој АРМ ги спроведува доделените задачи за непрекинато обезбедување на државната граница и спречување на нелегални минувања.

Генералот Гоцул искажа особен интерес за начинот на менаџирање на капацитетите преку најадекватна примена на мерките и процедурите кои АРМ со успех ги спроведува во досегашниот период при справувањето со мигранската криза.
 
Во последниот ден од посетата делегацијата на ВС на Република Полска го посети Полкот за специјални операции во касарна „Илинден“ во Скопје.


* 1.jpg (246.62 KB, 1024x683 - viewed 167 times.)

* 2.jpg (292.92 KB, 1024x683 - viewed 187 times.)

* 4.jpg (354.39 KB, 1024x670 - viewed 152 times.)

* 5.jpg (368.09 KB, 1024x826 - viewed 154 times.)

* 6.jpg (400.43 KB, 1024x768 - viewed 151 times.)
Logged
duje
kapetan bojnog broda
*
Offline Offline

Gender: Male
Posts: 17 876



« Reply #7 on: July 11, 2016, 05:16:41 pm »

Visoka vojna delegacija USA u posjeti GŠ i jedinicama Armije Republike Makedonije....

Vir: ARM
http://www.arm.mil.mk/index.html
11.07.2016.

Висока воена делегација на САД во посета на Генералштабот и единиците на АРМ


Делегација од МО на САД предводена од заменик помошникот на секретарот за одбрана на САД одговорен за Русија, Украина и Евроазија д-р Мајк Карпентер, денес оствари официјална посета на ГШ на АРМ и единици од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК).

За време на престојот во МО и ГШ на АРМ делегацијата во чиј состав беше и директорот на европските партнерски сили за задача од европската команда на армијата на САД, бригаден генерал Вилијам Хал, оствари работен состанок со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

На состанокот покрај презентацијата за активностите на АРМ поврзани со актуелната мигрантска криза, процесот на трансформација на АРМ и учеството во меѓународните мировни операции се разговараше и за меѓусебната билатерална воена соработка.

Генералот Величковски изрази благодарност за сеопфатната воена поддршка која САД континуирано ја дава во јакнење на одбранбените капацитети и подигнување на подготвеноста на АРМ преку програмите и иницијативите за опремување, зајакнување на интероперабилноста, како и поддршка при учеството на единици на АРМ на меѓународни воени вежби.

Претходно, за време на престојот во касарната „Страшо Пинџур“ делегацијата беше запознаена со мисијата и задачите на ЗОК и вежбовните активности со посебен акцент на неодамна завршената вежба „Анаконда-16“ на која АРМ учествуваше со 157 свои припадници.

АРМ и САД имаат развиено интензивна и конструктивна билатерална воена соработка која повеќе од 20 години дава свој придонес во процесот на интегрирањето  на Република Македонија во евро-атланските структури.


* 1.jpg (223.91 KB, 1024x564 - viewed 142 times.)

* 4.jpg (287.84 KB, 1024x674 - viewed 142 times.)
Logged
duje
kapetan bojnog broda
*
Offline Offline

Gender: Male
Posts: 17 876



« Reply #8 on: July 13, 2016, 04:51:37 pm »

Načelnik GŠ ARM gen. ppuk. Metodija Veličkovski u posjeti Austriji....

Vir: ARM
http://www.arm.mil.mk/index.html
11.07.2016.

Во Виена остварена средба помеѓу Началниците на Генералштабовите на Армиите на Република Македонија и Република Австрија

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ), генерал потполковник Методија Величковски, во текот на денешниот ден во Виена по пречекот со високи воени почести, оствари официјална средба со Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Австрија, генерал Отмар Коменда.

На средбата која е во рамки на програмата на тридневната официјална посета на делегацијата на АРМ на вооружените сили на Република Австрија, се опфатија повеќе прашања меѓу кои: мигрантската криза и безбедносните закани за земјите од југоисточна Европа, можности за продлабочување на билатералната соработка преку  изведување на заедничка обука и користење на капацитетите на АРМ (АП Криволак), како и евентуално заедничко учество во меѓународните мисии под знамето на ООН и ЕУ.

Генералот Величковски искажа благодарност за донацијата на ноќни визири од страна на ВС на Р Австрија, како и за овозможените школувања на персонал од АРМ на воените школи во Република Австрија. Покрај другото на домаќинот се презентираа реализираните проекти и достигнувања од акциониот План за членство во НАТО и партнерската програма, како и процесот на трансформација на АРМ.

Од двајцата соговорници беше нагласена потребата за континуирано продолжување на меѓусебната армиска соработка, особено во актуелниот период на мигрантската криза која претставува актуелна закана за дестабилизирање на сите земји во Европа.

Од страна на генерал Коменда е искажана благодарност за придонесот на Армијата на Република Македонија во мисиите за поддршка на мирот предводени од НАТО и ЕУ,  улогата на АРМ во справување со мигрантската криза и притоа покажаните интероперативни способности од страна на АРМ, а воедно е изразена поддршка за поскоро интегрирање на Република Македонија во НАТО алијансата.

Во текот на денот делегацијата предводена од генералот Величковски ја посети и командата на единицата за специјални намени при што се разгледаа можностите за заедничка обука со припадниците на полкот за специјални операции од АРМ и учество во вежби од овој домен.

За време на престојот во Република Австрија делегацијата на АРМ ќе ја посети и Националната Одбранбена Академија, а ќе оствари средби  во Амбасадата на Република Македонија во Република Австрија.

Посетата која се реализира на покана од ВС на Република Австрија и остварените средби на највисоко воено ниво е уште еден израз на поддршка од партнерските земји за стратегиската определба на Република Македонија и АРМ за членство во евроатланските интеграции.




* 1.jpg (651.12 KB, 4040x2908 - viewed 152 times.)

* 2.jpg (743.57 KB, 4400x2688 - viewed 122 times.)
« Last Edit: July 13, 2016, 04:54:23 pm by duje » Logged
gocemk
potporučnik
*
Offline Offline

Posts: 2 636


« Reply #9 on: May 09, 2021, 12:06:21 pm »

Положување на цвеке од  преставник на военото аташе на  руската амбасада во Македонија со припадници на Македонската Армија  на Могилата на Непобедените во Прилеп во чест на борците и жртвите од Втората Светска Војна.

[ Attachment: You are not allowed to view attachments ]


[ Attachment: You are not allowed to view attachments ]


* rui i mk.jpg (120.48 KB, 960x720 - viewed 1 times.)

* mk1.jpg (32.18 KB, 526x717 - viewed 1 times.)
Logged
Pages: [1]   Go Up
  Print  
 
Jump to:  

Prijatelji

▼▼▼▼

Prostor za Vaš baner

kontakt: brok@paluba.info

Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.19 | SMF © 2013, Simple Machines
Simple Audio Video Embedder

SMFAds for Free Forums
Valid XHTML 1.0! Valid CSS!
Page created in 0.032 seconds with 23 queries.