Juce je bilo poprilicno intenzivan dan u Avganistanu, desila se serija bombaskih napada, kao i napad vatrenim oruzjem od strane talibana na strane ambasade, sediste americkih obavestajnih agencija i glavni stab NATO misije ISAF u Kabulu.
Inace glavni stab misije ISAF obezbedjuju, izmedju ostalog i makedonski vojnici. Po svim informacijama, nema povredjenih medju makedonskim vojnicima.
Македонските војници во Авганистан безбедни
[Македонските војници во Авганистан безбедни] Кабул, 13 септември - Серија бомбашки напади се случија денеска во главниот град на Авганистан, Кабул, каде нападнати се повеќе амбасади меѓу кои и американската, разузнавачката служба на Авганистан, но и главниот штаб на НАТО- мисијата ИСАФ, кој го обезбедуваат и македонските војници пратени во меѓународната мировна мисија.
Од Генералштабот на АРМ во Скопје велат дека сите војници на служба во Авганистан се здрави и живи, но и дека им е подигната борбената готовност поради жестоките борби, пренесува „Канал 5“.
Армиската единица во Авганистан која брои вкупно 165 војници и офицери е во постојан контакт со Генералштабот на АРМ.
Странските медиуми јавуваат дека жестоките борби кои траат со часови биле изведени од бомбаши самоубијци, но и многу вооружени талибанци, а една ракета била испукана кон штабот на ИСАФ каде се и македонските војници.
Најголемиот напад според американските медиуми бил извршен врз амбасадата на САД, која се наоѓа на помалку од еден километар растојание од базата во која се војниците на АРМ.
Со ракета е погодена зградата во која се наоѓала ТВ „Толо“, а друга експлодирала до минибус полн со ученици. Најмалку четворица Авганистанци се повредени, се првичните информации од местото на битката.
Портпаролот на талибанците, Забиулах Муџахид, преку писмена порака ја презеде одговорноста за нападите врз нивните непријателски цели.
Бомбаши самоубијци ги нападнаа странските и авганистанските војници на плоштадот Абдул Хак во чија близина се наоѓаат амбасадите и владините згради, соопштија талибанците.
Од авганистанската полиција соопштија дека има вкупно пет напаѓачи и дека е во тек акција за нивно неутрализирање.
Вооружените талибанци успеале да заземат недовршена зграда во близина на дипломатскиот кварт во Кабул од каде прво почнале да ги напаѓаат владините згради и тајната служба на Авганистан, но потоа ги прошириле нападите кон амбасадите и штабот на НАТО кој го чуваат македонски војници.
Izvestaj sa portala:
zurnal.mkVideo materijal iz jucerasnjeg napada .